За само четири часа целокупниот капацитет на стадионот Пољуд беше купен од страна на навивачите на Хајдук за првиот Европски дуел летово против грчки ПАОК кој е закажан за 10 август.
Неверојатно е како преку 30.000 билети се продале од 09:00 утрово кога се пуштени во продажба билетите за мечот.
Можност за купување билет имаат само членовите на клубот кој се скоро 90.000, а 17.500 од нив имаат сезонски билети за претстојната кампања. Ете тоа се вели љубов кон клуб.