Њукасл со третото засилување – доаѓа младински англиски репрезентативец

143

Њукасл ќе го заврши третото летно засилување откако постигнал договор со Саутемптон за десниот бек Валентино „Тино“ Ливраменто. Фудбалерот пристигна кај „светците“ од Челзи во 2021 година за 5 милиони фунти и одигра одлични натпревари пред да се повреди во април 2022 година која го извади од терените повеќе од една година.
По 392 денови Ливраменто се врати на терените и почна да ја „билда“ формата. А Њукасл го забележа неговиот талент и го ангажира.
Трансферната сума изгледа сериозна – околу 35 милиони фунти, но во таа сума се вклучени и бонуси. Освен тоа Челзи ќе добие 40% од парите поради клаузулата во договорот при продажба во Брајтон.
Ливраменто, кој е младински англиски репрезентативец, ќе биде третото ново засилување на Њукасл по Сандро Тонали и Харви Барнс.

ПретходноИ Френк Кеси заминува во Саудиска Арабија – Барса ќе добие 15 мил.евра
СледноДенеска на терените: Кадетките на мегдан со Унгарија на ЕП 2023