Алегри: Нема смисла сега да се зборува за Скудетото

84

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри навести дека неговиот тим нема да биде во игра за титулата следната сезона. Тој си постави за цел тимот да се врати во Лигата на шампионите.

„Да се ​​зборува за Скудетото нема смисла. Започнавме да одиме по една патека, сега треба да работиме. Ова е моја осма година на клупата на „Бјанконерите“ и откако сум тука, никогаш не сум рекол дека нема да се бориме за титулата, бидејќи тоа не можете да си го дозволите во Јувентус . Мора да започнете со амбиции. Ако сте во добра позиција во март, ќе видиме, но сигурно имаме долг пат да одиме“, изјави Алегри.

Тренерот даде оценка за подготовките летово на тимот и за турнејата во САД. Јуве одигра две контроли, победи против Милан на пенали, а потоа одигра многу добар натпревар против Реал Мадрид , во кој победи со 3:1.

„Можам да кажам дека на тимот му оди добро во САД. Против Реал Мадрид беше добар тренинг меч, против силен тим кој има техника и физичка подготвеност, но имаме уште многу да подобриме, пред се во однос на физичката кондиција. Се на се, среќен сум што добро ја завршивме американската турнеја. Победата над Реал Мадрид ни дава самодоверба, но во исто време мораме да останеме смирени бидејќи натпреварите кои се бројат почнуваат од 20 август“, изјави тренерот.

ПретходноЗдравков: Минавме квалитетни подготовки, сакаме позитивен старт на сезоната против Силекс
СледноСкандалозно: Арената се затвори, пак, Струга ТЛ нема кај да игра со Есперанж во ЛК!