Го откачи Наполи и остана во Ленс, па Французите се пошегуваа со италијанскиот првак

187

Централниот бек Кевин Дансо одлучи да остане во францускиот вицепрвак Ленс наместо да ја продолжи кариерата во Италија, во редовите на италијанскиот првак Наполи. Ленс на својата веб-страница се пофали дека постигнале договор со 24-годишниот Австриец до летото 2027 година.
Во текот на летото Наполи беше заинтересиран за овој играч кој требаше да го замени Ким Мин-Јае, но на крајот не излезе ништо. Желбата на играчот е да остане во Ленс каде што добро му оди, а во новата сезона со овој тим ќе игра во Лигата на шампионите.
А Ленс со видео се пошегува со Наполи.
Поранешниот фудбалер на Саутемптон беше прогласен за најдобар фудбалер во Лига 1 минатата сезона.

ПретходноТрансфер на Малдиви: Мики Петровиќ потпиша за Иглс!
СледноСП: Кадетите на мегдан со Црна Гора!