ЕП: Унгарија е пресилна, нов пораз на кадетките

64

Втор меч и втор пораз на нашата женска кадетска селекција на ЕП во Црна Гора, за ракометарки до 17 години, во групата-Д. Македонија – Унгарија 46:17 (23:6) е епилогот на овој натпревар вокој протвникот и тоа како во целост доминираше.

Уште по првиот дел мечот беше решен, период во кој нашите млади ракометарки успеаја да постигнат само 6 погодоци.

Во продолжение од средбата, Македонија колку и да се обидуваше нешто да направи едноставно беше  немоќна. Во овој момент евидентно беше дека оваа селекција на Унгарија е пресилна.

Во нашиот таборт најефикасна беше Миленкоска со пет погодоци, додека Трпеска стрелаше четири пати.

Во недела Македонија ја очекува меч со Франција. Меч кој ќе биде само формалност за нашите кадетки.

ПретходноРаботен состанок на Комисијата за безбедност при ФФМ со комесарите и замениците за безбедност при ПМФЛ
СледноКитановски нов играч на Слобода Ужице