И Френк Кеси заминува во Саудиска Арабија – Барса ќе добие 15 мил.евра

183

Според пишувањата на Фабрицио Романо, Барселона и Ал Ахли постигнале договор за трансфер на Френк Кеси во клубот од Саудиска Арабија. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе го засили клубот од Џеда кој ќе плати за неговата „слобода“ 15 милиони евра.
Фудбалерот од средниот ред ќе потпише со Ал Ахли договор до јуни 2025 година.
Пред да дојде во Барселона, Кеси играше за Милан и Аталанта.
Ал Ахли веќе ги ангажираше Ријад Марез, Алан Сен Максимин, Едуард Менди и Роберто Фирмино.

ПретходноШпанскиот голгетер по 21 година стави крај на кариерата
СледноЊукасл со третото засилување – доаѓа младински англиски репрезентативец