Официјално: Мечот Струга ТЛ – Есперанж се игра на ФФМ, ќе го суди Сундберг од Данска!

458

Сепак Струга ТЛ својот прв меч од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции ќе го игра во Македонија, но на ФФМ. Имено познато е дека Арената е затворена, па УЕФА се согласи овој меч, кој е закажан за 10 август, да се игра на тренинг центарот на ФФМ во Скопје и тоа со почеток од 17 часот.

Кога сме кај овој натпревар да кажеме дека ќе го суди судиска четворка од Данска.

Главен судија ќе биде Јакоб Александер Сундберг, а него ќе му помагаат неговите сонародници Дениз Јурдакул, Даниел Ногард и Ласе Лебел Грагард. Познато е дека реваншот се игра на 17 август во Луксембург.

ПретходноНаполи смирува, повредата на Кварацкелиа не е сериозна
СледноОфицијално: Муса во дресот на Милан! (ФОТО)