Скандалозно: Арената се затвори, пак, Струга ТЛ нема кај да игра со Есперанж во ЛК!

1493

Ова со теренот на Арената “Тодор Проески“ веќе навистина станува катастрофа. Кога по јунскиот циклус се мислеше дека се е ок, дека конечно покрај убавата Арена имаме и добар терен, сега тој терен е вистинска катастрофа.

Па така тие што се грижат за Арената и теренот, а тоа е Јавното претпријатие за стопанисување за деловен простор ја затвори Арената со цел колку толку да го доведе во ред теренот за септемврискиот квалификациски циклус и мечот со Италија.

И, ете ти проблем, и тоа каков.

Имено сега Струга ТЛ нема кај да го одигра мечот со Есперанж во рамките на 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Тој меч беше закажан за в четврток на Арената во Скопје со оглед на тоа дека само таа има лиценца од трета категорија според УЕФА за мечеви во Европа од 3.коло па натаму.

И сега Струга ТЛ нема кај да игра. Пред неа се две опции. Или да ја моли УЕФА да игра пак во Охрид или на ФФМ или пак да си бара чаре негде надвор од Македонија.

No description available.

Ете, тоа е оваа наша држава…. срамно…скандалозно…

И кога е веќе затворена Арената, помал проблем е тоа што Работнички – Шкупи во 1.коло во понеделник ќе играат на Маџари или пак дербито Вардар – Шкупи од 2.коло кое исто така мора да се игра на Маџари.

А теренот?

Таму каде што треба да има трева, има земја. Фудбалерите и стручниот штаб на Левски беа просто вџашени како така прекрасен објект има така катастрофален терен.

И, сега најважното.

Дали ќе биде подготвен теренот за со мечот на Италија на 9 септември?

ПретходноАлегри: Нема смисла сега да се зборува за Скудетото
СледноДа навиваме за Македонија: Почна продажбата на билетите за ЕП во одбојка во Скопје!