Њукасл ќе го заврши третото летно засилување откако постигнал договор со Саутемптон за десниот бек Валентино „Тино“ Ливраменто. Фудбалерот пристигна кај „светците“ од Челзи во 2021 година за 5 милиони фунти и одигра одлични натпревари пред да се повреди во април 2022 година која го извади од терените повеќе од една година.
По 392 денови Ливраменто се врати на терените и почна да ја „билда“ формата. А Њукасл го забележа неговиот талент и го ангажира.
Трансферната сума изгледа сериозна – околу 35 милиони фунти, но во таа сума се вклучени и бонуси. Освен тоа Челзи ќе добие 40% од парите поради клаузулата во договорот при продажба во Брајтон.
Ливраменто, кој е младински англиски репрезентативец, ќе биде третото ново засилување на Њукасл по Сандро Тонали и Харви Барнс.
Дома Меѓународен фудбал Англија Њукасл со третото засилување – доаѓа младински англиски репрезентативец