Ардијан Нухиу: Шкендија е подготвена за стартот во ПМФЛ, болката од Европа да ја претвориме во мотив!

179

По онаа епска бламажа е елиминицијата во Европа од едни полуаматери од Велс, Шкендија утре во меч од 1.коло во новата сезона во ПМФЛ му гостува на дебитантот Воска.

За тоа какви се очекувањата на тетовци, изјава даде тренерот Ардијан Нухиу:

Без дилеми Шкендија е подготвена за стартот на сезоната во ПМФЛ. После таа елиминација од Хаверфордвест, кај нас постоеше вознемиреност. Во неколку наврати разговарав со играчите, мора таа болка од Европа да ја претвориме во мотив и затоа мора добро да тргнеме во шамионатот. Воска е анализирана, ова лето доста беше активна на пазарот, сепак мора да се искористи квалитетот на нашиот тим и на тој начин успееме да дојдеме до победа на овој натпревар во Охрид“ посочи Нухиу.

ПретходноМакедонија поразена на првиот тест со Полска во Србија!
СледноПМФЛ – 2023/24: Сите шампиони низ историјата, Вардар е рекордер со 11 титули!