Аталанта со двоен трансфер – доаѓаат Скамака и Де Кетеларе

203

Напаѓачот на Вест Хем, Џанлука Скамака ќе ја продолжи кариерата во Аталанта, а не во Интер, тврди „Скај спорт Италија“. Напаѓачот ја одбил понудата на Интер и проценил дека во Бергамо има подобри шанси да игра и да се развива отколку на „Меаца“ па затоа и ја прифатил оваа понуда.

Вест Хем претходно ги одби понудите на Рома и Милан да го позајмат овој фудбалер со опција за купување. Вака Аталанта ќе плати 25 милиони евра плус 5 милиони во форма на бонуси. Клубот од Бергамо му ветил на италијанскиот играч и повисока плата.
Покрај Скамака, Аталанта ќе го донесе и напаѓачот на Милан, Шарл де Кетеларе. Белгиецот ќе дојде под наем за 3 милиони евра, а во договорот ќе фигурира и опција за откуп за 23 милиони евра.

ПретходноПознати се групите на струшкиот турнир
СледноАлекс Маркес е победник на спринтот во Силверстоун