„Аѕурите“ со Џиџи во Скопје: Буфон е назначен за тим-менаџер на италијанската репрезентација!

346

Само два дена откако објави дека ја завршува својата голманска кариера, Џиџи Буфон, еден од најдобрите чувари на мрежата во историјата на фудбалот се врати во селекцијата на Италија. Имено тој е назначен за тим – менаџер на репрезентацијата и за прв соработник на селекторот Роберто Манчини. На оваа функција до пред извесно време беше Џанлука Вијали кој почина од тешката болест со која со години се бореше.

Прва работна задача на Буфон ќе му биде гостувањето во Скопје на 9 септември, на квалификацискиот меч за ЕВРО 2024 меѓу Македонија и Италија.

Да потсетиме дека кога последен пат дојде со Италија во Скопје, тој прими два гола и тоа од Несторовски и Хасани, но тогаш на тој меч во октомври 2016 година, неговата селекција победи со 2:3.

ПретходноХигиеничар на Интер Мајами побарал и добил автограм од Меси, потоа бил отпуштен!
СледноРеал Мадрид и официјално демантираше дека Перез си заминува од клубот!