Холандски Ајакс ќе го реализира петтиот трансфер ова лето откако успеа да се договори со германски Ст.Паули за трансфер на млад хрватски фудбалер. Се работи за 24 годишниот централен бек Јаков Медиќ, висок 1,93 метри кој во изминатите пет и пол години игра во Германија. Неофицијално Ајакс ќе плати за него 2 милиони евра плус бонуси.
Медиќ бил младинец на ФК Загреб и на Истра, а за првиот тим на Истра дебитира во 2017 година. Во 2018 година прави трансфер во Нирнберг, играл за Вехен, а од 2021 година за Ст.Паули. Никогаш не играл за најсилната хрватска репрезентација. Има само еден настап за У23 тимот.
Поради височината неговата специјалност се воздушните дуели, а може да игра и како дефанзивен играч за врска. Кога сме кај Ајакс, холандскиот великан е заинтересиран и за фудбалерот на Динамо Загреб, Јосип Шутало, исто така дефанзивен играч.
Медиќ ќе биде петтиот Хрват во историјата на Ајакс.
Досега Ајакс се засили со четворица играчи од кој само еден е постар од 21 година. Се работи за Бранко ван де Бумен кој доаѓа од Тулуз, а другите се левото крило Карлос Боргес кој дојде од Сити У21, голманот Диант Рамај од Ајнтрахт и играчот од средниот ред Бенјамин Тахировиќ од Рома.
Клубот го напуштија Џуриен Тимбер (Арсенал), Калвин Баси (Фулам), Јури Регер (Твенте), Флоријан Грилич (Хофенхајм), Душан Тадиќ (Фенербахче), а голманот Стелекенбург се пензионираше.