Во сезоната 2024/25 Македонија најверојатно со една екипа помалку во Европа, само Струга ТЛ може да спасува!

1202

Според најновото рангирање на УЕФА, по сите оние натпревари во квалификациите во ЛШ и ЛЕ, Македонија сеуште е на 52.место во поглед на ранкингот на земјите. Значи и натаму сме над таа фамозна граница од 50.место. А тоа доведува до фактот дека нашата земја најваројатно па и речиси сигурно, во следната сезона во европските мечеви ќе има еден претставник помалку. Значи место досега еден тим во квалификациите во ЛШ и три во квалификациите во ЛК, ние ќе имаме само две екипи во Лигата на Конференции. Од она што може да се види на ранкинг листата дури сега се гледа што си направи Шкендија себе си, но и на фудбалска Македонија по онаа страшна бламажа против Хаверфордвест, тимот од Велс. Посебно ако се знае дека во следната рунда ќе играше со Б36 Торшавн од Ф. Острови.

Image

Шкупи одигра колку што можеше, го мина Хегелман, но сепак Левски е нешто друго.

Од Македонија ЃП ништо и не се очекуваше посебно ако се знае дека оваа екипа никогаш во историјата не минала едно квалификациско коло.

Па така сега за поправање на ранкингот, за избегнување на катаклизмата, сите надежи се во Струга ТЛ. Стружани се во 3.квалификациско коло во ЛК и имаат големи шанси, со оглед на противникот од Луксембург, да ја минат и таа пречка и да се пласираат во плеј – оф во ЛК. Ако се пласираат во групната фаза тогаш јасно е дека ранкингот, и клупскиот и оној на државата, ќе порасне и веројатно ќе биде под тоа 50.место. Значи би останале, според некои проекции, со четири екипи во Европа и за следната сезона.

ПретходноВо Клаксвик сите играчи, надвор од фудбалот, се директори и само еден е електричар!
СледноЕнтони Дејвис е најплатениот играч во историјата на НБА