Хрватскиот шампион Динамо Загреб ова лето ќе инкасира дури 13 милиони евра од продажба на тројца репрезентативци кои одамна не играат во клубот од „Максимир“, јавуваат хрватските медиуми.
Динамо ќе инкасира пари од трансферите на Матео Ковачиќ, Марцело Брозовиќ и Јошко Гвардиол кој наскоро ќе стане играч на Манчестер Сити.
Дел од парите од овие трансфери ќе завршат на сметката на Динамо затоа што овие играчи меѓу 13-тата и 23-тата година играле за „модрите“. Па така Динамо ќе добие 600.000 евра од трансферот од Челзи во Сити.
„Модрите“ од трансферот на Брозовиќ во Саудиска Арабија ќе инкасира 1,8 милиони евра, а најмногу пари на Динамо ќе му донесе трансферот на Гвардиол од Лајпциг во европскиот шампион.
Трансферот е договорен за сума од 90 милиони евра, а Динамо ќе добие 15% од сумата односно 10,5 милиони евра.
Динамо може да заработи и од трансферот на Дани Олмо, се разбира доколку биде продаден, затоа што ќе добие 20% од сумата од тој трансфер.