Ентони Дејвис е најплатениот играч во историјата на НБА

356

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Ентони Дејвис го продолжи договорот со клубот и така стана најплатениот играч во најсилната кошаркарска лига на светот. Доколку ги гледаме примањата по сезона, Дејвис ќе стане најплатениот кошаркар во историјата на оваа лига. Договорот на три години, а за тој период ќе заработи 186 милиони долари.
Па така рекордот на Џајлен Браун траеше само девет дена. Браун потпиша петгодишен договор со Бостон Селтикс според кој ќе заработи 304 милиони долари.
Кога ќе се поделат парите на годишно ниво Браун ќе инкасира по 60,2 милиони долари, додека Дејвис ќе заработи 62 милиони евра што го прави и најплатен кошаркар во историјата на НБА.

ПретходноВо сезоната 2024/25 Македонија најверојатно со една екипа помалку во Европа, само Струга ТЛ може да спасува!
СледноДинамо ќе заработи 13 милиони евра од трансфери, а не продаде ниту еден играч