Замената на Кејн ќе пристигне од Порто

191

Хери Кејн и натаму важи за играч на Тотенхем, но тој многу веројатно дека во иднина ќе го носи дресот на Баерн Минхен. Преговорите се долги и мачни, се „влечат“ речиси цело лето, но така е секогаш кога е во прашање првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви.

Тој пак како што го продава Кејн во Баерн, така се подготвува и за да купи негова замена.
Информациите велат дека прв пик на клубот од Лондон за следен напаѓач по Кејн е во моментов членот на Порто, искусниот 31. годишен Мехди Тареми. Тоа е интернационалец од Иран кој што има настапувано уште и за Рио Аве, домашните Персеполис односно Иранџван, а имал авантура и на Блискиот Исток во тимот на АЛ Гарафа.

Тој не е класа од типот на Кејн, па Тотенхем очигледно дека не планира да остане само на него. Ниту Ришарлисон не е блиску до квалитетите на Кејн па ќе видиме што се ќе направи клубот до крајот на преодниот рок.

 

 

ПретходноРасмус Хојлунд и официјално дел од Манчетер Јунајтед
СледноОнана прими гол од „половина“ терен (ВИДЕО)