Македонија поразена на првиот тест со Полска во Србија!

361

Нашата најдобра кошаркарска селекција денеска во Србија, во пријателски меч беше поразена од Полска со 97:81. Ова беше првиот од двата што беа планирани да се играат, вториот се игра утре.

Во текот на целиот меч, противникот ги контролираше настаните на теренот, имаше и водство и на крајот заслужено победи.

Во нашиот табор Ти – Џеј Шортс постигна 18 поени, Ѓуроски реализираше 15 поени, а Војдан Стојановски 13 поени.

Ова е прв натпревар за нас, имавме само неколку дена комплетни да се подготвуваме. Имаше добра енергија на дел од мечот бевме и рамноправни. Но имаше и ситуации од кои најмногу стравувавме и тие се покажаа како најголем хендикеп за нас, а тоа се скокот после одредена одбрана. Имаа многу повеќе скокови од нас и тоа мора да не загрижи. Имавме 8 промашени слободни од 18, што е голема бројка. Останатото е во задоволителни граници. Позитивно е тоа имаше желба, за да се надигруваат иако бевме инфериорни на секоја позиција на физички план“ изјави по мечот селекторот Александар Јончевски.

ПретходноРеал Мадрид и официјално демантираше дека Перез си заминува од клубот!
СледноАрдијан Нухиу: Шкендија е подготвена за стартот во ПМФЛ, болката од Европа да ја претвориме во мотив!