Македонските кадети тргнаа со победа

235

Многу важен триумф запишаа нашите млади кошаркари од селекцијата „Под 16“ години на премиерниот меч од ЕП – А дивизија во Скопје.

За уште поголема верба во сопствените можности и натпреварите кои следуваат на првенството, Македонија вечерва ја победи Белгија со 63:57.

На средината на првата четвртина, Македонија поведе со (12:8). Но противникот брзо ја стигна, и престигна таа наша почетна предност. Имаа Белгијците (18:14) по серијата (10-2), но ја стигнавме, по поените на Доријан Ивановски, резултатот беше израмнет, (18:18) во 8.минута.   

Крајот на првиот период сепак го дочекавме со предност, макар и минимална, (20:18).  

Нерешено беше и во средишниот дел на втората четвртина (25:25) затоа што противникот уште еднаш го стигна нашето водство (25:21). Но во минутите кои следуваат, и беа доста „сиромашни“ најдовме начин да имаме водство, исто така изрзено со еден поен позитива (32:31).

Израмнето с еигра и во продолжението на натпреварот Ниту една од двете селекции не успеа да се „одвои“ на некоја поголема разлика.

Разликата“ беше само во тоа што Белгија имаше плус еден по три одиграни четвртини (47:46).

Извесно беше дека ќе одлушува последната четвртина. Онаа во која нашата кадетска селекција го „спушти“ жилавиот ривал на само десет поени Дадовме седум повеќе, сосема доволно за многу важна стартна победа на ЕП во нашиот главен град, и пред она што следува утре вечер, исто така од 18.30 часот. Натпреварот против еден од најсериозните кандидати за златниот медал на кадетскиот шампионат – Франција.

ЕП – „ПОД 16“-MAЖИ-ДИВИЗИЈА „А“- СКОПЈЕ 2023

РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ – ГРУПА „Б“

МАКЕДОНИЈА – Белгија 63:57

Литванија – Франција     

6. АВГУСТ (НЕДЕЛА)

16.00: Белгија – Литванија

18.30: Франција – МАКЕДОНИЈА

ПретходноПМФЛ – 2023/24: Сите шампиони низ историјата, Вардар е рекордер со 11 титули!
СледноМега – трансфер: ПСЖ со 300 милиони евра следното лето ќе тргне по Халанд!