Освојувачот на Лигата на конференциите, Вест Хем досега не потпиша со ниту еден фудбалер. Тоа е единствениот премиерлигаш кој не успеал да ангажира нов играч. „Чеканите“ мака мачат да донесат нов фудбалер, времето минува, наскоро ќе биде означен стартот на новата сезона во Премиер лигата па лондончани решија да направат невообичаен потег.
Според „Атлетик“, Вест Хем ќе ја искористат платформата „Transfer Room“ (Соба за трансфери) каде ќе пуштат огласи за тоа каков профил на фудбалери им се потребни па со тоа да го свртат вниманието на заинтересираните играчи како и агентите кои ќе им понудат фудбалери.
Вест Хем не успеа да ги ангажира Џејмс Ворд-Проус, Конор Галагер и Скот Мектомини. Го продадоа Деклан Рајс за 116 милиони евра, а имаат потреба од седум играчи по позиии лево и десно крило, дефанзивен играч за врска, играч од средниот ред, напаѓач и офанзивен играч за врска како и буџет за секој од нив од околу 20 милиони фунти.