Фудбалот се игра за голови, па затоа стрелците, голгетерите се најважната работа во фудбалот. Ако немаш добар стрелец или “бомбардер“ бадијала ти се и шансите и поседот. Со голови се освојуваат бодови, а со бодови се освојуваат титулите.
Во пресрет на новата 32.сезона во ПМФЛ во самостојна Македонија вреди малку да се навратиме и кон историјата. Подолу ги имате сите најдобри стрелци во секоја сезона, од 1992/93 па се до последната, 2022/23.
Најмногу голови во една сезона постигнал Саша Ќириќ (Вардар) во првата, кога стрелаше 36 пати. Најмногу пати прв стрелец во ПМФЛ бил Бесарт Ибраими дури петтпати, четирипати како играч на Шкендија и еднаш како член на Струга ТЛ, а вкупно зад неговото име стои дека постигнал 186 голови во ПМФЛ со што го прави најдобриот голгетер во историјата на нашата елитна лига. Значи во новата сезона на напаѓачот на Струга ТЛ му се потребни 14 голови за да дојде до фамозната бројка од 200 голови во историјата на ПМФЛ.
Секако дека Бесарт Ибраими е главен фаворит за оваа титула и во новата сезона, но тука се и Реналдо Цефас (Шкупи), Влатко Стојановски (Работнички) кој веќе бил најдобар стрелец во Лигата и тоа кога играше за Ренова.
Ќе има и други кандидати, но ајде нека тргне сезоната па ќе видиме кој се ќе му конкурира на “Кралот на головите“ Бесарт Ибраими.
СИТЕ НАЈДОБРИ СТРЕЛЦИ ВО ПМФЛ ОД 1992/93 ДО 2022/23
1992/93: САША ЌИРИЌ (Вардар) 36 голови
1993/94: ЗОРАН БОШКОВСКИ (Силекс) 21
1994/95: САША ЌИРИЌ (Вардар) 35
1995/96: ЗОРАН БОШКОВСКИ (Силекс) 20
1996/97: ВАНЧО МИЦЕВСКИ (Силекс) 16
1997/98: ТОНИ АТАНАСОВ (Беласица) 12
1998/99: РОЖЕРИО ОЛИВЕИРА (Победа) 22
1999/00: АРЃЕНТ БЕЌИРИ (Слога Ј) 19
2000/01: АРЃЕНТ БЕЌИРИ (Слога Ј) 27
2001/02: МИРОСЛАВ ЃОКИЌ (Победа) 22
2002/03: ЉУБИША САВИЌ (Слога Ј) 25
2003/04: ДРАГАН ДИМИТРОВСКИ (Победа) 25
2004/05: АЛЕКСАНДАР СТОЈАНОВСКИ (Беласица), СТЕВИЦА РИСТИЌ (Силекс) 26
2005/06: СТЕВИЦА РИСТИЌ (Силекс) 27
2006/07: БОБАН ЈАНЧЕВСКИ (Ренова) 26
2007/08: ИВИЦА ГЛИГОРОВСКИ (Милано) 15
2008/09: ИВИЦА ГЛИГОРОВСКИ (Милано) 14
2009/10: БОБАН БОЖИНОВСКИ (Работнички) 15
2010/11: ХРИСТИЈАН КИРОВСКИ (Скопје) 16
2011/12: ФИЛИП ИВАНОВСКИ (Вардар) 24
2012/13: ЈОВАН КОСТОВСКИ (Вардар) 22
2013/14: ДЕЈАН БЛАЖЕВСКИ (Хоризонт Т) 19
2014/15: ИЗАИР ЕМИНИ (Ренова) 20
2015/16: БЕСАРТ ИБРАИМИ (Шкендија) 26
2016/17: БЕСАРТ ИБРАИМИ (Шкендија) 20
2017/18: БЕСАРТ ИБРАИМИ (Шкендија), ФЕРХАН ХАСАНИ (Шкендија) 22
2018/19: ВЛАТКО СТОЈАНОВСКИ (Ренова) 18
2019/20: ДАНИЕЛ АВРАМОВСКИ (Вардар) 10
2020/21: БЕСАРТ ИБРАИМИ (Шкендија) 24
2021/22: САНДЕЈ АДЕТУНЏИ (Шкупи) 20
2022/23: БЕСАРТ ИБРАИМИ (Струга ТЛ) 19
2023/24: ???