Работнички ги претстави дресовите за претстојната сезона

440

Тимот на Работнички својот ПМФЛ пат сезонава го стартува во понеделник кога на стадионот Борис Трајковски го пречекува Шкупи.

Скопската пресметка ќе биде интересна и пред се неизвесна, а Работнички како најава за тој дуел ја претстави новата колекција на дресови со кои ќе настапи сезонава.

Има три варијанти, домашна, онаа класичната црвено-бела препознатлива за Дебармаалци, потоа сината исто така варијанта која што Работнички периодов многу често ја користи за гостинските мечеви, плус една резервна исто така црвено – бела.

 

ПретходноОнана прими гол од „половина“ терен (ВИДЕО)
СледноПознати се групите на струшкиот турнир