Селта отпушти фудбалер oсуден на затворска казна за сексуален напад

118

Шпанскиот фудбалер Санти Мина доби отказ од Селта. Клубот од Виго на својата веб страница потврди дека го раскинал договорот со него бидејќи е обвинет за сексуално напаствување.
Овој фудбалер претходната сезона ја поминал на позамица во Ал Шабаб, додека Селта не сакала да го продолжи договорот со него затоа што е осуден. Цивилниот кривичен суд на Шпанија ја одби жалбата и ја потврди пресудата која на Санти Мина му ја изрекол судот во Алмерија по која е осуден на четири години затвор.
На играчот му останува уште можност да се жали до Врховниот суд на Шпанија.
Санти Мина играше уште за Валенсија.

 

ПретходноДинамо ќе заработи 13 милиони евра од трансфери, а не продаде ниту еден играч
СледноАјакс се засили со хрватски бек од Ст.Паули