Сензација на “Максимир“: Ристовски и Динамо одиграа само 0:0 против Горица!

361

Сензационални 0:0 вечерва на “Максимир“ во Загреб во меч од 3.коло во ХНЛ меѓу Динамо Загреб. На “модрите“ и тоа како и оди во Европа, но дома во новата сезона сега имаат од можни 9 само 4 бода.

Нашиот репрезентативен капитен Стефан Ристовски во игра влезе во 78.минута, кога стручниот штаб виде дека ѓаволот ја однесе шегата, но ни тој не помогна да се дојде до победата.

Динамо имаше иницијатива и шанси, но не успеа да дојде до трите бода, додека Горица се бранеше, а во 71.минута имаше зицер дури и за победа.

ПретходноУрнебесно: Дивац кога имал 14 години бил висок 188 см и сакал да престане да расте! (ФОТО)
СледноПМФЛ – 2023/24: Пет клубови со странски тренери, од сите 12 стратези само Дуро бил шампион во нашата елитна лига!