Во меч од 1/4 финалето на Арапскиот куп на Шампионите, Ал- Хилал како гостин успеа да слави над Ал- Итихад со 3:1 и со тоа да се пласира во полуфиналето на ова натпреварување. Стрелци на головите за победничкиот тим беа Сергеј Милинковиќ-Савиќ, потоа Ал Давсари и Малколм, додека кај домашниот состав единствениот гол беше дело на Ромарињо. Карим Бензема во 78.минута не успеа да постигне гол од пенал за поразениот состав.
Покрај Бензема за Ал – Итихад играа и Канте и Жота, додека кај Ал – Хилал од ѕвездите настапија СМС, Кулибали, Невеш, Малколм…
Sergej Milinković-Savić scores in derby against Al Ittihad in Arab Club Champions League to make it 0-1 on Ruben Neves's assist.pic.twitter.com/eiC7IZwlDN
— Specijal'sta (@umigre1892) August 5, 2023