Денеска од 17.30 часот во Риека, нашата ракометна селекција до 19 години ќе ги одмери силите со селекцијата на Грузија. Ова е меч од 3.коло во групата-Ф на СП во Хрватска.
Јасно е дека нас ни треба победа, триумф над Грузијците со која и дефинитивно ќе ставиме печат на пласманот во главната рунда на овој Мундијал. Момците на селекторот Раде Стојановиќ против Норвешка и Црна Гора, посебно вчера со Црногорците, одиграа навистина квалитетно и нема причина да не веруваме дека така ќе биде и денеска. И ако биде така, тогаш Македонија би требало да победи и со тоа да се пласира на СП каде што и е местото, меѓу 16-те најдобри селекции на овој шампионат.
Нема да се занимаваме со некои други комбинации, Македонија има сила и потенцијал да ја прескокне оваа пречка и затоа одиме на победа.
Секако очекуваме убави вести од Риека, нека момците на Раде Стојановиќ одиграат како што знаат.
Photo: Croatia 2023/Kolektiff image