Урнебесно: Дивац кога имал 14 години бил висок 188 см и сакал да престане да расте! (ФОТО)

450

Владе Дивац, иконата на кошарката на овие простори, дел од славната генерација на екс- СФРЈ која никогаш не ја прежаливме дека во 1992 година на ОИ во Барселона не одигра со најдобриот “дрим-тим“ на САД. Потоа Владе играше за Србија, а имаше и завидна НБА кариера, но со него, Дражен, Кукоч, Раџа, Ѓорѓевиќ, Даниловиќ, Комазец и останатите никогаш не дознавме како ќе беше во таа 1992 година.

Владе кога играше кошарка службено се водеше дека е висок 212 см, но кога има 14 години бил висок неверојатни 188 см, и сакал да престане да расте.

Висината му пречела, па почнал да се распрашува како да престане да расте. И пратил писмо, од своето Пријепоље, во “Политикин Забавник“ со молба да му кажат како да престане да расте.

Подолу можете да го прочитате прашањето на Владе и одговорот кој го добил.

Урнебесно…

Image

ПретходноОдбојкарите ја победија Романија во пријателски меч!
СледноСензација на “Максимир“: Ристовски и Динамо одиграа само 0:0 против Горица!