Јапонките ја победија Норвешка и изборија четвртфинале на СП

74

Фудбалската репрезентација на Јапонија е вториот четвртфиналист на женското Светско првенство во Австралија и Нов Зеланд. Денеска Јапонките со 3:1 ја победија Норвешка и се најдоа во наредната фаза.
На полувреме беше 1:1, Јапонките поведе со автогол на Енген, а изедначи Рејтен во 20 минута. Во второто полувреме Шимицу и Мијазава го поставија конечниот резултат 3:1.
Во четвртфиналето Јапонките ќе играат со подобриот од дуелот Шведска – САД. Јапонија е светски првак од 2011 година.

Утринава и Шпанија избори четвртфинале по елиминацијата на Швајцарија со 5:1.

ПретходноГотово е – Joшко Гвардиол потпиша за Сити и стана најскапиот стопер во историјата
СледноИ младинската школа на Вардар означи старт – претставени се и новите раководни луѓе