Toп трансфер во Сити: Го донесе агрономот на Лестер

369

Манчестер Сити го испрати асистентот на Гвардиола, Енцо Мареска во Лестер, а во спротивна насока доаѓа Џон Ледвиџ, познатиот агроном на „лисиците“. Ледвиџ е најдобриот агроном во Англија, тој ги има едни од најдобрите цртежи на терените.
Џон стана познат за време на шампионскиот поход на Лестер, претворајќи го домашниот терен на тимот во уметничко дело. На тревникот со косилка го исцрта амблемот и кругови околу него.

Поради Ледвиџ, Премиер лигата во сезоната 2017/18 ги забрани цртежите на тревниците: судиите се пожалија дека се мешаат во нивната проценка за офсајд.
Ледвиџ работеше речиси 10 години во Лестер, тој има и своја академија за одгледување на тревници во која 50-тина луѓе учат како да се одржуваат тревниците во топ-состојба.
Со агрономија почнал да се занимава уште на 13 години, а на 19 години станува главен агроном во Ковентри Сити.
Потоа поминал една година во Астон Вила, па Лестер…

За квалитетен фудбал потребна е квалитетен терен и квалитетна трева… За тоа во Сити ќе се грижи Ледвиџ.

ПретходноПМФЛ-2023/24: Историјат – сите “бомбардери“ во елитата, Ибраими го “мерка“ 200-тиот гол!
СледноПред четири години превозно средство му беше трамвајот, а сега е најскапиот стопер во светот!