Готово е – Joшко Гвардиол потпиша за Сити и стана најскапиот стопер во историјата

218

Крај на сагата. Манчестер Сити на својата веб страница го објави трансферот на хрватскиот стопер Јошко Гвардиол од РБ Лајпциг. „Граѓаните“ за хрватскиот репрезентативец ќе платат 92 милиони евра со што официјално Јошко е најскапиот стопер во историјата.
Фудбалерот потпиша петгодишен договор и така ќе дебитира во англиската Премиер лига. Инако оваа вест го израдува и Динамо Загреб кој ќе добие 10,7 милиони евра од трансферот.
Гвардиол досега за Лајпциг одигра 87 натпревари со ефект од пет голови и три асистенции. За Хрватска има 21 настап и два гола.

 

ПретходноНе се снајдоа на пазарот, па решија преку оглас да купат фудбалери
СледноЈапонките ја победија Норвешка и изборија четвртфинале на СП