И покрај волјата и желата на сите инволвирани страни, Брера Струмица, ФФМ, Вардар и навивачката група Комити за нивно присуство на утрешниот премиерен меч од ПМФЛ шампионатот во Струмица помеѓу гореспоменатите екипи, сепак тоа нема да се случи.
Иако домаќинот обезбеди какви такви услови за гостувањето на Комити, монтираше мобилна трибина, зад еден од головите сепак, на Комити нема да им биде дозволено да дојдат во Струмица.
Едноставно истата таа трибина која што е монтирана, нема технички преглед и не може да биде со сигурност безбедна за бројката со која што Комити ќе пристигнат во Струмица.
Од Брера Струмица јавно се извинија за ова и рекоа дека од нивна страна направиле се што можеле Комити да пристигнат на овој меч.