Некогашниот фудбалет на екипите на Сараево и Тузла Сити, а досегашен интернационалец во САД, Нермин Црнкиќ починал во својот дом. Шокантната вест доаѓа од преку океанот и истата вели дека бонанскиот интернационалец пред неколку дена бил отпуштен од болница во која што бил хоспитализиран поради проблеми со срцето.
Заминал дома со дозвола на лекарскиот тим за да се опоравува во домашни услови, а само неколку дена потоа бил пронајде мртов во неговиот стан.
Црнкиќ е роден во Босна, но уште како дете со семејството заминал во САД. Потоа фудбалската кариера го одвела во Шведска, Германија, Чешка, Словачка, и во Босна.
Следувал негов трансфер во футсалот каде со успех наспапувал за тимот на Рапид, а најавуван бил и репрезентативен повик за САД.