Тимот на Работнички својот ПМФЛ пат сезонава го стартува во понеделник кога на стадионот Борис Трајковски го пречекува Шкупи.
Скопската пресметка ќе биде интересна и пред се неизвесна, а Работнички како најава за тој дуел ја претстави новата колекција на дресови со кои ќе настапи сезонава.
Има три варијанти, домашна, онаа класичната црвено-бела препознатлива за Дебармаалци, потоа сината исто така варијанта која што Работнички периодов многу често ја користи за гостинските мечеви, плус една резервна исто така црвено – бела.