Светот ќе добие нов фудбалски шампион во женска конкуренција откако бранителот на трофејот, селекцијата на Соединетите Американски Држави доживеа елиминација на Мундијалот во Австралија и Нов Зеланд.
САД чиј селектор е Македонецот Влатко Андоновски се запрени во осминафиналето од Шведска. Мечот заврши без голови во регуларниот дел и по продолженијата па одлучуваа пеналите.
Во третата серија Американките имаа предност од 3:2, но потоа Смит промаши, а Швеѓанките преку Бенисон изедначија. Следуваа два погодени пенали за 4:4, а потоа О’Хара промаши за САД, додека Хуртиг ја затресе мрежата за победа на Шведска со 5:4.
Во четвртфиналето се пласира и Холандија која со 2:0 ја совлада Јужна Африка.
Холандија ќе игра со Шпанија во четвртфиналето, додека Шведска ќе се соочи со Јапонија.