Зира на Борче Христов со супер победа кај Карабах

315

Искусниот македонски фудбалски стратег, Борче Христов синоќа со својот тим Зира имаше супер деби во новата сезона во шампионатот на Азербејџан. Обезбедена е победа кај главниот фаворит, тимот на Карабах со 0:1.

Со ова, тимот на Зира уште од стартот покажа дека има амбиции и квалитет сезонава да игра сериозна улога во домашниот шампионат.

За Христов пак ова е уште една етапа од неговата богата интернационална кариера, претежно во Азербејџан, каде што очигледно искуството има пресудна улога во успехот.

 

ПретходноПМФЛ – 2023/24: Струга ТЛ во одбрана на титулата, Шкупи ќе ја напаѓа…најтрофејниот повторно е дел од елитата!
СледноАјакс продава се летово, уште двајца заминаа во Премиер лигата