Полувреме: Гачевски е херојот – го чува Вардар, водат Струга ТЛ, Брегалница и Тиквеш (ВИДЕО)

550

Завршија првите полувремиња од петте мечеви од 1.коло во новата сезона во ПМФЛ. Во Струмица екипите на Брера Струмица и Вардар играат 0:0, а Гачевски е херојот на гостите кој спаси два чисти гола за домашните, посебно се истакна по ударот на Крстевски кога голманот на Вардар ја одби таа топка во стативата. Интересно е во Струмица, Брера напаѓа, имаше и три шанси, Вардар само еднаш се закани.

Струга ТЛ со голот на Радески во 22.минута му донесе водство на шампионот против Гостивар, исто со 1:0 води и Тиквеш против Македонија ЃП со голот на Ивановски.

Брегалница има водство од 2:1 против Силекс, Димитриевски и Колин Андерсон стрелаа за “сините“ а Ивановски за кратовци.

Во Охрид, изненадувачки, дебитантот Воска Спорт и Шкендија играат без голови.

 

 

ПретходноРадески со помош на Абдула е стрелецот на првиот гол во новата сезона! (ВИДЕО)
СледноРедици за селфи со Гранде Пандев во Струмица! (ФОТО)