Протестанти направија метеж на велосипедската трка од светскиот шампионат

102

Прекин на машката елитна велосипедска трка во Шкотска од рамките на Светскиот шампионат. Настанот беше стопиран по извозени 190 километри од вкупно 217 километри од патеката од Единбург до Глазгов.

Демонстрантите го блокираа патот по кој требаше да поминат велосипедистите во близина на областа Карон. Велосипедистите застанаа, се направи метеж поради што мораше да интервенира полицијата која уапси пет луѓе.

Наводно протестантите со цемент ги залепиле рацете и нозете на патот, па трката морала да биде паузирана 50тина минути додека не се расчисти патот.

Иронично, протестирањето било против употребата на фосилни горива.

ПретходноАндоновски и САД запрени во осминафиналето на СП
СледноЃорческа го освои трофејот на турнирот во двојки во Германија