Ајакс продава се летово, уште двајца заминаа во Премиер лигата

376

Екипата на Ајакс прави сериозна реконструкција во тимот и се што нешто сериозно вреди на пазарот е продадено за сериозна сума на пари. Сепак, јавноста се прашува со каков тим ќе стартува фаворитот за титулата во Холандија следната сезона кога ги продаде буквално сите свои најдобри фудбалери.

Душан Тадиќ замина во Фенербахче, Јурен Тимлер е нов играч на Арсенал, а Калвин Баси ќе игра за Фулам.

Сега, Едсон Алварез, мексиканецот кој со успех настапува за Ајакс, за 35 милиони евра плус 5 милиони во фиксни бонуси заминува во Вест Хем, а останува уште промоцијата.

Плус, напаѓачот Мохамед Кудус, иако имаше понуди од Челзи и Арсенал сепак, ќе замине за Брајтон и ќе биде најскапото засилување на тимот во историјата. Ќе го чини клубот 40 милиони евра, шест повеќе од колку што Брајтон му плати на Ватфорд за Жоао Педро.

Сето ова е супер за благајната на Ајакс, која е полна пари, но од друга страна спортскиот дел како замена за сите гореспоменати ги доведе Тахировиќ од Рома, Карлос Боржес од вториот тим на Манчестер Сити, голманот на Ајнтрахт Динат Рамај, и Брано ван ден Бомен од Тулуз. Се се тоа квалитетни играчи, потенцијал, но далеку од квалитетите на Душан Тадиќ или пак на Едсон Алварез.

 

 

ПретходноЗира на Борче Христов со супер победа кај Карабах
СледноТен Хаг за Хојлунд: Манчестер Јунајтед чекаше играч како него