Верати одби да се пресели во Саудиска Арабија, останува во ПСЖ

145

Италијанскиот играч за врска Марко Верати ќе остане во Пари Сен Жермен. Тој одби примамливи понуди од Ал Ахли и Ал Хилал и одлучи да продолжи да игра за францускиот клуб, соопштуваат француските медиуми.

Се сметаше дека Италијанецот ќе оди по стапките на другите фудбалери кој летоска направија трансфери во клубови од С.Арабија, но Италијанецот одлучил да остане на „Паркот на принцовите“ после разговорот со новиот тренер Луис Енрике и плановите за иднината на францускиот клуб.

Верати ќе ја игра дванаесеттата сезона за ПСЖ.

 

ПретходноЕП – У-17: Франција е пресилна, кадетките со нов пораз
СледноПобедничко селфи од Кавадарци!