Попладнево во Струга се одигра натпреварот меѓу Струга ТЛ и Гостивар, кој заврши со 2:0 за шампионот. Пред почетокот на средбата, убав гест на гостите, повратникот во нашата елитна лига. Претставникот на Гостивар и официјално, со подарок до претседателот на Струга ТЛ, Арбтрим Ќира, им ја честиташе титулата на стружани освоена од минатата сезона и им посака долго европско лето.
Сепак и покрај овој убав потег на гостиварци, шампионот немаше милост и ги победи со 2:0.