Трет меч на ЕП за ракометарки до 17 години и трет пораз на Македонија. Вечерва подобра беше Франција со 31:15(15:4) и заслужено победи и се пласира во следната рунда, додека нашите кадетки на ова ЕП кое се одржува во Црна Гора ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место.
Уште на стартот на средбата Франција покажа кој е кој, постојано имаше водство а на пауза се замина со 15:4. И се чини дека тука беше решен победникот.
Во продолжение од средбата нашите ракометарки се обидоа да одиграат колку толку, но сепак едноставно толку беше силата.
Кога сме кај стрелците да кажеме дека во нашиот табор најефикасни беа Трпеска со 4 голови, а по три постигнаа Мифтари и Кралева.
Ова беше третиот меч на Македонија во групата – Д, каде што се и Унгарија и Романија.