Искусниот македонски фудбалски стратег, Борче Христов синоќа со својот тим Зира имаше супер деби во новата сезона во шампионатот на Азербејџан. Обезбедена е победа кај главниот фаворит, тимот на Карабах со 0:1.
Со ова, тимот на Зира уште од стартот покажа дека има амбиции и квалитет сезонава да игра сериозна улога во домашниот шампионат.
За Христов пак ова е уште една етапа од неговата богата интернационална кариера, претежно во Азербејџан, каде што очигледно искуството има пресудна улога во успехот.