Интер го договори Самарџиќ, но и голман од Бразил

324

Интер ќе се засили со двајца фудбалери во наредните денови. „Нероаѕурите“ прво си подале рака со Удинезе за трансфер на Лазар Самарџиќ на „Меаца“. По еднонеделни преговори двете страни постигнале договор и од понеделник Србинот ќе пристигне во Интер и ќе го потпише договорот. Интер ќе плати 15 милиони евра плус ќе го испрати во Удинезе младиот играч Фабијан со што ќе биде постигната вкупната сума од 25 милиони евра колку што бараа „црно-белите“. А има и клаузула според која Интер ќе може да си го врати Фабијан назад за 12 милиони евра ако го ангажираат во 2024 година и 15 милиони во 2025 година.

А бразилскиот голман Бенто призна дека добил понуда од Интер и ја прифатил, меѓутоа и дека сега на потег е неговиот клуб Атлетико Параненсе.

„Зборував со раководството на клубот за оваа понуда. Мојот сон е да заиграм во некоја од големите европски лиги, а ова е тоа. Сепак, сега се е во рацете на претседателот“, изјави Бенто.

Интер ќе треба да плати 9 милиони евра за неговите услуги што е прифатлива сума.

Претходно, „нероаѕурите“ го сакаа Украинецот Анатолиј Трубин меѓутоа неприфатлива била сумата од 20 милиони од Шахтјор за 22-годишниот голман. „Нероаѕурите“ останаа без Андре Онана и Самир Хандановиќ, па затоа бараат голмани.

Покрај Бенто, во завршна фаза се преговорите со Баерн Минхен за искусниот чувар на мрежата Јан Зомер.

ПретходноЃорѓи Мојсов: Презадоволен сум од оваа победа на стартот, не е така едноставно да славиш над “лавовите“!
СледноНаполи става клаузула во договорот на Осимен за да се заштити од клубовите од С.Арабија