Комјунити шилд – Арсенал и Сити бркаат трофеј на стартот на сезоната во Англија

146

Со мечот од Комјунити шилд на „Вембли“ се отвора новата сезона во англиската Премиер лига. За трофејот од Суперкупот на Англија ќе се борат Арсенал и Манчестер Сити. Мечот е закажан за денеска од 17:00 часот.

Составот на Пеп Гвардиола ги освои и ФА купот и Премиер лигата и ЛШ и со тоа влегува во овој дуел како фаворит. Арсенал беше лидер на премиерлигашката табела 248 денови во сезоната 2022/23 меѓутоа потклекна во финишот на сезоната и остана без трофејот.

Во летниот преоден рок Арсенал ги зацврсти своите редови со неколку играчи, плати 100 милиони фунти за Деклан Рајс од Вест Хем, ги донесе Каи Хаверц од Челзи и холандскиот дефанзивец Џулијан  Тимбер од Ајакс.

Манчестер Сити ги ангажираше хрватските играчи Матео Ковачиќ од Челзи и Јошко Гвардиол од РБ Лапциг за кого беа платени рекордни 90 милиони евра за дефанзивец. Во меѓувреме „граѓаните“ останаа без капитенот Гундоган, но Ковачиќ се очекува да го пополни неговото место.

Во пред сезоната Сити беше на турнеја во Јапонија и Јужна Кореја, додека Арсенал во САД.

Сити ги победи со 5:3 Јокохама Маринос и Баерн Минхен со 2:1, а изгуби од Атлетико (1:2). Арсенал одигра реми (1:1) со Нирнберг во Германија, а потоа со 5:0 ги победи ѕвездите на МЛС во Вашингтон. На американската турнеја „топчиите“ беа поразени од Манчестер Јунајтед со 0:2, а ја победија Барселона со 5:3.

 

ПретходноКаспер Шмајхел пред враќање во Премиер лигата
СледноАндоновски и САД запрени во осминафиналето на СП