Лукаку oди во Јувентус, а пред две години зборуваше дека никогаш нема да игра за нив

329

Ромелу Лукаку се согласи да премине во Јувентус само еден ден откако испрати „љубовно“ писмо до навивачите на Интер по поразот во финалето од ЛШ. „Нероаѕурите“ одлучиле да се откажат од преговорите да го задржат Белгиецот затоа што откриле дека тој имал тајни средби со луѓе од Јувентус.

Џанлука Ди Марцио потенцираше како Лукаку се договорил со Јувентус на 12 јуни, само два дена по поразот на Интер во финалето на ЛШ од Манчестер Сити. Повеќе, Белгиецот постираше порака до навивачите на Интер заблагодарувајќи им се за поддршката, а ја искажа и љубовта кон миланскиот клуб.

Додека се чека во наредните неколку денови формална реализација на трансферот, Лукаку не е добредојден ни во Торино. Причината е стара изјава…

Јувентус? Таму никогаш не би играл. Пробаа да ме купат и малку му се налутив на агентот затоа што знае дека не сакав да преговарам со тој клуб. За мене постои само Интер, па дури и Јувентус да испрати подобра понуда. Во иднина ќе играм само за Интер или ќе се вратам во Андерлехт“, рекол Лукаку пред две години.

Поради тоа навивачите на Јувентус го искажаа незадоволството кон раководството кое сака да го ангажира Белгиецот.

 

 

ПретходноРедици за селфи со Гранде Пандев во Струмица! (ФОТО)
СледноПМФЛ: Јанкулов со голчиште го “скина“ Вардар, шампионот сигурен, триумфи и на Брегалница, Тиквеш и Шкендија (ВИДЕО)