По вчерашниот пораз (97:81) на првата пријателска со Полска одиграна во Белград, денеска нашата најдобра кошаркарска селекција повторно доживеа пораз, но сега уште поубедлив и тоа со 84:52.
Решавачко за ваквиот пораз било тоа што втората четвртина сме ја загубиле со 30-9.
Во нашиот табот Робев, Шортс и Ѓуроски постигнале по 8 поени.
По овој меч нашата селекција се враќа во Скопје каде ќе ги одработи завршните подготовки за претстојниот претквалификациски турнир за ОИ кој ќе се одигра во Талин (Естонија).
ФОТО: pzkosz.pl