Наполи става клаузула во договорот на Осимен за да се заштити од клубовите од С.Арабија

234

 

Наполи и првата напаѓачка ѕвезда Виктор Осимен имале седум средби на кои разговарале за продолжување на соработката, пренесува „Скај спортс Италија“. 24-годишниот фудбалер сака да потпише нов договор со италијанскиот шампион и се надева на повисока плата поради тоа што се истакна како важен сегмент за клубот. Тој дури се согласил во договорот да има и клаузула по желба на Наполи.

Ова лето Ал Хилал покажа интерес за Нигериецот и неофицијално му нудел 1 милион евра  неделна плата. „Скај спортс Италија“ пренесува дека претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис размислува во новиот договор со Осимен да стави две клаузули, едната откупна за европските клубови, а другата двојно повисока за клубови од Саудиска Арабија.

Таа би изнесувала 110 милиони евра за европските клубови, а двојно повеќе за оние од Саудиска Арабија. Наполи се надева дека ќе ја заврши работата со својот најдобар фудбалер пред стартот на сезоната на 10 август кога тимот ќе игра против Фросиноне.

ПретходноИнтер го договори Самарџиќ, но и голман од Бразил
Следно“Црвено“ 1. коло за тренерите во ПМФЛ: Исклучени Валенти и Михаилов!