СП У-19: Познати се термините во кои Македонија ќе игра во главната рунда на Мундијалот!

259

По вчерашниот триумф над Грузија, нашата машка ракометна селекција до 19.години се пласира во главната рунда на СП кое се игра во Хрватска. Се најде во ТОП-16 селекции во светот.

Македонија сега ќе игра во групата – 3, заедно со Данска, Австрија и секако Норвешка која заврши како прва во нашата груипа – Ф и однесе во главната рунда два бода.

Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ утре ќе ги одмерат силите со Данска и тоа во 17.30 часот, додека во вторник ривал ќе ни биде селекцијата на Австрија, и овој меч се игра во Ријека исто во 17.30 часот.

Секако дека посакуваме нашите млади ракометари да одиграат упте подобро од оние три меча во групната фаза.

Ова е табелата во групата – 3 во пресрет на стартот на главната рунда

ТАБЕЛА

1.ДАНСКА 2

2.НОРВЕШКА 2

3.МАКЕДОНИЈА 0

4.АВСТРИЈА 0

ПретходноСаудијците се заканија: Ова е само почеток, ќе видите што ќе направиме идната година
СледноИ “Комити“ се со Вардар во Струмица! (ВИДЕО)