Филип Савовски следната сезона во дресот на српска Војводина

342

Македонскиот репрезентативец Филип Савовски следната сезона ќе го носи дресот на српскиот вицешампион Војводина од Нови Сад. По една сезона мината во екипата на Нови Сад која испадна од српската елита, нашиот репрезентативен среден блокер останува во шампионатот на Србија и во истиот град, но во далеку пославниот одбојкарски состав на Војводина, кој е синоним за одбојката во овој дел од Европа. Савовски, кој пред два дена го прослави својот 21. роденден, почна од екипата на Струмица,а негово прво интернационално искуство беше токму екипата на Нови Сад во ии редови минатата сезона имаше забележителни настапи. Во дресот на Војводина која и официјално го претстави како едно од своите нови засилувања зза следната сезона, Савовски ќе има можност да стекне уште поголемо интернационално искуство, затоа што српскиот вицепрвак оваа сезона ќе е натпреварува и во ЦЕВ Купот каде во 1. коло за противник го доби украинскиот тим Житомир.

ПретходноИ “Комити“ се со Вардар во Струмица! (ВИДЕО)
СледноРадески со помош на Абдула е стрелецот на првиот гол во новата сезона! (ВИДЕО)