Не им тргна нешто на нашите тренери на стартот од новата сезона. Уште во 1.коло имаше два црвени картони, исклучени беа Џовани Валенти (Брера Струмица) на мечот со Вардар, како и Горазд Михаилов (Силекс) на гостувањето кај Брегалница.
Речиси сите останати добија опомени, односно црвени картони. Се разбира судиите стриктно ги применуваат новите упатства кога станува збор за играчите и посебно за тренерите кон судиите и нивните реакции.